Здраво,
Барам совет од постари аквариумџии.
Имам аквариум стар четири години, од 2016та. Димензии 900x350x450mm и дебелина на стакло 10мм. Ми стои во дневната и е навистина убав украс, сакам да продолжам да го имам. Работата е што некако ми се сврти во глава дека потребно е да го сервисирам да не ми направи проблем во смисла да не почне да тече па да направи поплава, а во исто време добро е и за промена да имам нов аквариум.
Чисто за инфо, аквариумот не го лепев јас, го нарачав од Јаца Инжинеринг од СК, кога го купив чоекот ми рече дека го лепел со сондал аквариум силикон.
Е сега, се мислам дали да направам нов, да купам ново стакло нов лепак нова земја и да направам нов, од стариот да ги употребам пумпата, греачот, камењата, тревите и тн.
Или, втора опција, за џабе се плашам нема да протече меѓутоа пак сакам нов аквариум, па само да купам земја и да направам нов дизајн внатре и готово?
Оваа вторава опција би била и поевтина и помалку захтенва.
Така да вие што сте постари и поискусни на форумов, би ве замолил за совет и насока околу сето ова.
Поздрав,
Томе